fbpx

Русија „осиромашува“ нуклеарни ракети и ги истрелува врз Украина

-

Русија најверојатно ги вади нуклеарните боеви глави од застарени ракети и потоа ги истрелува врз Украина, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот разузнавачки извештај споделен на Твитер.

„Фотографии од „отворени извори“ [што се јавно достапни за слободно користење] покажуваат крш на најверојатно соборена крстосувачка ракета воздух-земја AS-15 KENT, дизајнирана во 1980-те како ракета строго за носење боеви глави. На местото на боевата глава најверојатно е ставен балас“, порача министерството.

Истовремено се одбележува дека иако ракетата е „неубојна“, сепак предизвикува штети со својата маса и кинетичката енергија, како и од неистрошеното гориво“, но е „малку веројатно да предизвика значителен ефект врз нејзините цели“.

Британското министерство за одбрана наведува дека Русија веројатно ги користи ваквите ракети како „мамки“, односно за одвлекување на вниманието на украинската противвоздушна одбрана.

Во меѓувреме, Вооружените сили на Украина соопштија дека од почетокот на руската инвазија на 24 февруари годинава до утрово елиминирале 86.710 руски војници, од кои само изминатиот ден 560.

Како што соопшти Генералштабот на Вооружените сили на Украина на Фејсбук, досега рускиот непријател загубил и 2.901 тенк, 5.848 вооружени борбени возила, 1.896 артилериски систем, 278 борбени авиони, 261 хеликоптер и 16 воени бродови, како и 1.554 дронови, односно беспилотни летала. Украинците собориле и 531 крстосувачка ракета на непријателот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...