Русија негира дека стои зад лажните дојави за бомби на гласачки места во САД

Руската амбасада во САД соопшти дека обвинувањата за мешањето во американските претседателски избори се „злонамерна клевета“

-

Москва ги отфрли обвинувањата дека дојавите за бомби на гласачки места во клучни држави во САД дошле од руски мејл адреси, пренесува „Ал Џазира“.

Федералното истражно биро (ФБИ) во САД соопшти дека дојавите за бомби во државите Џорџија, Аризона, Мичиген и Висконсин се лажни. Но, во соопштението стои дека многу од мејл адресите од кои биле пратени лажните дојави биле руски.

Портпарол на ФБИ рече дека Џорџија добила повеќе од триесет закани, повеќето од кои биле упатени кон округот Фултон, чие население воглавно гласа за Демократската партија. Пет од гласачките места во Фултон биле евакуирани.

„Изгледа дека Русите се подготвени да предизвикаат штета. Тие не сакаат да имаме фер и точни избори. Ако успеат да нè натераат да се караме меѓу себе, го сметаат за победа“, изјави Бред Рафенспергер, државниот секретар на Џорџија.

Дојави за бомби беа испратени и до две избирачки места во Медисон, главниот град на државата Висконсин. Гласањето во Мадисон не било попречено, соопштија од Изборната комисија во Висконсин.

Руската амбасада во САД соопшти дека обвинувањата за мешањето во претседателските избори се „злонамерна клевета“.

„Би сакале да нагласиме дека Русија не се мешала и не се меша во внатрешните работи на други земји, вклучително и на САД. Како што претседателот Владимир Путин постојано вели, ние ја почитуваме волјата на американскиот народ“, соопшти амбасадата.

Американските разузнавачки служби претходно ја имаат обвинето Русија за нарушување на претседателските избори во 2016 година.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...