Русија не сака пратеникот на Трамп да биде вклучен во разговорите за ставање крај на војната во Украина

Руската амбасада во Вашингтон не одговорила веднаш на барањето за коментар. Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џејмс Хјуит, изјави дека Келог игра клучна улога во напорите за завршување на војната во Украина

-

Руски претставници им соопштиле на своите колеги од САД дека не сакаат пратеникот на Трамп за војната во Украина, Кит Келог, да биде вклучен во разговорите кои се насочени кон завршување на војната во Украина, според американски официјален претставник и друг извор запознаен со ситуацијата, пренесува Ројтерс.

Келог лично отсуствувал од некои разговори на високо ниво во изминатите недели, вклучително и од состанокот со американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и државниот секретар Марко Рубио со украинска делегација во Саудиска Арабија. Тој исто така отсуствувал и од состанок на високо ниво со руски претставници во Саудиска Арабија во февруари.

Не е веднаш јасно дали отсуството на Келог е поврзано со барањето на руските претставници, ниту кога било поднесено тоа барање. Американскиот официјален претставник изјавил дека барањето не било прифатено, бидејќи Келог испратил висок член на својот тим, Ели Рознер, да присуствува на последниот состанок во Саудиска Арабија.

Руската амбасада во Вашингтон не одговорила веднаш на барањето за коментар. Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џејмс Хјуит, изјави дека Келог игра клучна улога во напорите за завршување на војната во Украина.

Проширената инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година остави стотици илјади мртви и ранети, расели милиони луѓе, претвори градови во урнатини и предизвика најостра конфронтација меѓу Москва и Западот во последните децении.

САД и Украина се согласија на 30-дневен прекин на огнот во принцип за време на нивниот состанок во Саудиска Арабија претходно оваа недела. Но, рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека предлогот за прекин на огнот бара сериозна преработка.

Барањето на Кремљ за исклучување на Келог, за првпат објавено од NBC News, доаѓа во време кога некои поранешни високи руски официјални лица се пожалиле дека пратеникот на Трамп, според нив, е премногу наклонет кон Киев.

Келог, пензиониран генерал-потполковник, понекогаш бил покритичен кон руската агресија во Украина од другите претставници на администрацијата. На пример, остро ја критикуваше Русија за големиот напад на украинските населени места за Божиќ.

„Божиќ треба да биде време на мир, но Украина беше брутално нападната на Божиќниот ден“, напиша Келог на 25 декември на X. „Лансирањето големи напади со ракети и беспилотни летала на денот на раѓањето на Господ е погрешно.”

Сепак, Келог доследно ги бранел ставовите на Трамп за војната во Украина, вклучително и неодамнешната одлука за пауза на дел од размената на разузнавачки информации со Киев.

Келог служеше како шеф на кабинетот на Советот за национална безбедност за време на мандатот на Трамп од 2017 до 2021 година и како советник за национална безбедност на тогашниот потпретседател Мајк Пенс.

ИзворРојтерс

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...