fbpx

Русија не е во војна со НАТО

Русија во никој случај не е во војна со НАТО, бидејќи во војната во Украина нема војници од земјите-членки на НАТО, пишува „Вистиномер“

-

Русија не е во војна со НАТО, во војната во Украина нема војници од земјите-членки на НАТО. Она што НАТО го прави е испраќање воена помош на Украина со цел таа да се заштити од експанзионистичката политика на Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг тоа досега многупати го нагласил. Алијансата не е терористичка организација, туку е одбранбена алијанса чија цел е да ги штити своите земји членки. Проширувањето на НАТО не е насочено против Русија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој шири манипулативни, неточни тврдења во врска со војната во Украина:

Русија не е во војна со Украина.
Русија во Украина се брани себе си од експанзионистичката, империјалистичката политика на глобалната терористичка организација НАТО предводена од опортунистички нео конзервативци болно гладни за моќ од САД и Обединетото Кралство кои што имаат вложени интереси во војни !
Прашајте ги Бајденови, Клинтонови, Обамови, Кралски семејства и други болни глобалисти од светот !

Постот лажно тврди дека Русија не е во војна со Украина, туку се брани себеси од „експанзионистичката, империјалистичката политика на глобалната терористичка организација НАТО“.

Прво, никој не ја нападнал Русија. Напротив Русија ја нападна Украина. Оттаму и нема од што да се брани Русија. Украина е таа што се брани од руската агресија.

Второ, Русија во никој случај не е во војна со НАТО, бидејќи во војната во Украина нема војници од земјите-членки на НАТО. Она што НАТО го прави е испраќање воена помош на Украина со цел таа да се заштити од експанзионистичката политика на Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тоа досега многупати го нагласил.

НАТО има задача да не дозволи ескалација на војната во Украина и да спречи Алијансата да биде инволвирана во војната, истакна неодмана Столтенберг, потврдувајќи ја поддршката за брза ратификација на приемот на Шведска и Финска во НАТО.

И германскиот канцелар Олаф Шолц во јануари изјави дека „Русија не е во војна со Алијансата“. Тој порача дека војната во Украина нема да се претвори во судир помеѓу НАТО и Русија.

Германија е една од земјите што најмногу ја поддржува Украина. Се разбира, САД се лидери, но сите членки на ЕУ му помагаат на Киев и ќе продолжат да го прават тоа. Што се однесува до Германија, ние им помагаме хуманитарно, економски и воено, посочи Шолц на Светскиот економски форум во Давос.

Алијансата планира да го зголеми производството на муниција, бидејќи Киев троши гранати многу побрзо отколку што можат да ги произведат западните земји, оставајќи ги залихите значително исцрпени. Германија веќе објави дека потпишала договори со производителот на оружје Рајнметал за да го рестартира производството на муниција за тенковите Леопард испорачани за Киев.

Што се однесува до тврдењето во постот дека НАТО е „глобалната терористичка организација“ тоа, исто така, не е точно.

НАТО е одбранбена алијанса, чија цел е да ги штити своите земји членки. Секоја земја која ќе се приклучи кон НАТО, се согласува на нејзините политики и принципи. Ова ја вклучува и заложбата дека НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија, како што беше и реафирмирано на Самитот во Брисел.

Проширувањето на НАТО не е насочено против Русија. Секоја суверена нација има право да ги одбере своите безбедносни констелации. По студената војна дури и Русија се согласи да гради инклузивна европска безбедносна ахритектура, преку формирањето на ОБСЕ, формирањето на Евроатлантскиот совет и други институции.

Како што пишува на страницата на НАТО, НАТО не ја нападна Грузија и НАТО не ја нападна Украина. Русија го стори тоа.

Како одговор на руското користење на воена сила против Украина, НАТО испрати трупи во балтичките земји и Полска во 2016 година.

Пред Русија илегално да го присвои Крим, немаше трупи на НАТО во источниот дел од Алијансата. Како одговор на руската инвазија на Украина во 2022 година, НАТО значително ги зајакна своите позиции на одбрана, вклучително со четири нови групи во источниот дел од Алијансата. На НАТО самитот во Мадрид, сојузниците се согласија дека Русија е најзначајната и директна закана за нивната безбедност и за мирот и стабилноста на евроатлантската област. Сојузниците се согласија и во иднина да ги зајакнуваат позициите на НАТО. Но, сојузниците сепак и понатаму остануваат спремни да имаат отворени канали на комуникација со Москва за да се избегнат ризици, да се превенираат ескалации и да се зголеми транспарентноста, пишува на веб-страницата на Алијансата каде  се наведени фактите за односите НАТО-Русија

Од сето ова можеме да заклучиме дека Русија не е во војна со НАТО. НАТО само ѝ помага на Украина, воено и економски за да се заштити од руската агресија. Алијансата не е терористичка организација туку е одбранбена алијанса чија цел е да ги штити своите земји членки. Проширувањето на НАТО не е насочено против Русија. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како неточен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...