fbpx

Русија на чекор од освојување на целиот Донбас, Лавров во Турција ќе договара извоз на украинската пченица

-

Русија напредува кон својата цел – комплетно освојување на индустрискиот регион Донбас на истокот на Украина, се пофали официјален Кремљ, тврдејќи дека сега контролира 97 отсто од провинциите Луганск и Донецк, коишто го сочинуваат Донбас, пренесува Асошиејтид Прес (АП).

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера рече дека руските сили имаат речиси целосна контрола на Луганск, а според украинските власти и воените сили, Русија сега држи под окупација отприлика половина од Донецк.

Како што пренесува АП, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Анкара треба да разговара со турските власти за план што би овозможил Украина да го извезе своето жито на глобалниот пазар преку Црното Море, среде растечката криза за храна низ светот.

Украина е еден од најголемите извозници на пченица, пченка и сончогледово масло, но војната и руската блокада на украинските пристаништа сопреа голем дел од извозот, загрозувајќи ја доставата на храна во многу земји во развој. Се смета дека околу 22 милиони тони житарки во моментов „чмаат“ во силоси во Украина, а украинските пристаништа се главно минирани. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков вчера порача дека Украина треба да ги отстрани подводните мини кај главното црноморско пристаниште Одеса, за Русија да дозволи да продолжи извозот на житарки. Песков нагласи дека сите бродови ќе бидат контролирани од руските сили за да се оневозможи транспорт на оружје и муниција.

Во меѓувреме на фронтот, продолжуваат жестоките борби меѓу руските окупаторски војски и украинските одбранбени сили во Луганск, каде што продолжува жестоката битка за градот Сиеверодонецк. Серхиј Хајдај, шефот на Регионалната воена управа на Луханск порача дека украинските сили нема да го предадат градот, известува украинската државна информативна агенција „Укринформ“

„Сиевиродонецк. Никој нема да се предаде. Дури и ако нашата војска мора да се повлече на подобро утврдени позиции, бидејќи веќе извесно време сме непрекинато цел на гранатирања, тоа не значи дека некој ќе го предаде градот. И денеска се водат борби, а руската армија ги користи сите оружја против градот“, рече тој.

Хајдај појасни дека руската воена команда добила задача да го освои Сиеверодонецк и да преземе контрола врз автопатот Бахмут – Лисичанск до 10 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...