fbpx

Русија коментира за донираните тенкови на Украина од земјава, МНР и Министерството за одбрана реагираат

-

Русија смета дека донацијата на Македонија на тенковите „Т-72“ на Украина е „голема грешка што само ќе помогне во криминалните дејствија на режимот во Киев“. Ова го изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, а го пренесуваат руските медиуми.

„И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје на Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“, изјавила портпаролката Захарова.

По ваквиот коментар на портпаролката Захарова, македонското Министерство за надворешни работи, како и Министерството за одбрана, денеска испратија заедничко соопштение за медиуми, во кое се наведува дека Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно, водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.

„Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку одлуки за воено-техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција“, наведено е во соопштението на МНР и на МО.

Оттаму додаваат и дека Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји-членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации.

Македонското Министерство за одбрана на 29 јули годинава информираше дека земјава ќе ѝ донира тенкови на Украина, но засега не се знае колку тенкови ќе бидат упатени во помошта од нашата земја за Министерството за одбрана на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...