fbpx

Русија ќе го понуди корејското сценарио за решавање на војната во Украина, тврдат украинските власти

-

Русија може да ѝ го понуди на Украина корејското сценарио за постигнување примирје, што би значело поделба на земјава, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов. Тој тврди дека Русите ќе измислат што било, вклучувајќи ја и опцијата за т.н. „38 паралела“, која всушност беше првичната граница на поделба на Северна и Јужна Кореја по корејската војна, пишува Укринформ.

„Во моментов нѝ се нуди корејско сценарио. Таканаречената условна „38-ма паралела“. Овде се Украинците, но таму Украинците не се такви“, вели Олексиј Данилов.

Според неговата изјавa, Дмитриј Козак, заменик-шеф на руската претседателска администрација, се среќава со поранешни политичари во Европа и преку нив ја пренесува пораката дека Русите се подготвени на отстапки за да се поправи сегашната статус кво состојба и да се натера Украина на примирје.

Во исто време, Данилов вели дека за време на неодамнешната средба, корејските претставници забележале дека воспоставувањето на поделба на Корејскиот полуостров на два дела по 38-та паралела е грешка, бидејќи отстапките направени во 1950-тите години по завршувањето на војната меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја во моментов доведуваат до проблеми.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека военото и политичкото раководство на Русија во моментов е соочено со дилема во однос на изборот за тоа на кој дел од фронтот во Украина да ѝ даде приоритет на одбраната – северниот дел на Луханскиот регион или регионот Запорижја, пренесува Гардијан.

Според нивниот извештај, начинот на кој Русија работела на подобрување на одбраната сугерира дека командантите се многу веројатно преокупирани со потенцијалот за голема украинска офанзивна акција во два сектора: или во северниот регион Луханск или во Запорижја.

Во исто време, забележуваат британските разузнавачи, голем украински пробив во Запорижја сериозно би ја предизвикал одржливоста на рускиот „копнен мост“ што ги поврзува рускиот регион Ростов со полуостровот Крим, додека украинскиот успех во Луханск дополнително ќе ја поткопа наводната воена цел на Русија за „ослободување“ на Донбас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...