fbpx

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во СБ на ОН

-

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во Советот за безбедност на ОН, која ја предложија САД, а беше поддржана и од Кина, по неуспешниот обид на Пјонгјанг за лансирање ракети, велат дипломатите.

Во предложената декларација, во која АФП имале увид, се бара Пјонгјанг да се воздржи од спроведување нуклеарен тест или балистички проектили, по неуспешните лансирања во неделата.

Во декларацијата, која Москва ја блокираше, членовите на Советот за безбедност изразуваат апсолутна загриженост поради дестабилизирачкото однесувањето на Северна Кореја и најавуваат преземање значајни чекори.

Русија барала во декларацијата да стои претходната формулација, која ја нагласувала потребата за наоѓање решение за ситуацијата преку дијалог, велат неименувани дипломати.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, испрати порака до Северна Кореја дека САД не сакаат кавга и оти Северна Кореја не треба да ја почне. Таа изјави дека топката сега е кај Северна Кореја и оти тие се на потег.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за новинарите изјави дека Обединетите нации во целост ги поддржуват напорите на сите земји, кои се обидуваат да спречат Северна Кореја да стекне капацитети врз основа на кои би можела да стане закана не само за регионот туку и за целиот свет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...