fbpx

Русија интензивно напаѓа на истокот од Украина

-

Русија ја употреби сета расположлива воена моќ врз украинските градови и внесе нови војници во својата агресорска офанзива во обид да ја подели Украина на два дела. Воените дејствија се со цел преземање целосна контрола на источниот индустриски регион Донбас, познат по рудниците за јаглен и фабриките, известува новинската агенција Асошиејтед Прес.

Оружените удари се случуваат долж фронтот во форма на полумесечина долг стотици  километри кај Донбас.

Во Мариупол, уништениот пристанишен град во Донбас, според украинските сили, руската војска фрлала големи бомби за да ја срамни со земја челичарницата Азовстал, која се смета за едно од последните упоришта на украинската одбрана, и погодила со бомби болница со стотици пациенти.

Украинскиот Генералштаб утрово соопшти дека Русија продолжува со својата офанзива во најголемиот дел од местата на истокот, обидувајќи се да ги пробие слабите линии на украинската одбрана. Азовстал останува еден од најголемите приоритети.

Во Харкив, на североистокот и во Краматорск, исто така имало жестоки напади. Русија вели и дека успешно ракетирала цели околу Запорижја, кој е исто така индустриски центар во јужната половина на Украина, како и во Днипро, кој е западно од Донбас, пренесува Асошиејтед Прес.

Според руската страна се гаѓаат бројни воени цели, вклучувајќи големи групи војска и магацини со муниција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека руската војска употребува сè што има на располагање при нападите, а најголемиот дел од нејзините војници сега се во Украина или долж границата меѓу Русија и Украина.

„Тие го вклучија речиси секој и сѐ она што може да се бори против нас, против Украина“, рече Зеленски во ноќното видео обраќање до нацијата.

Украинскиот претседател обвини дека покрај руските тврдења, агресорот продолжува да гаѓа населби и да убива цивили.

Како што посочи заменик-премиерката Ирина Верешчук, денеска продолжуваат напорите за евакуација на цивили од Мариупол, односно имало „прелиминарна“ спогодба за да се изведе хуманитарен коридор кон Запорижја, кој е на запад од Мариупол и е под контрола на Украина.

Ќе се евакуираат жени, деца и постари лица, почнувајќи од денеска попладне.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика за четиридневен прекин на војувањата во Украина, бидејќи од четврток почнуваат Велигденските празнувања и има потреба од „хуманитарна пауза“.

Гутереш рече дека целта е да се евакуираат цивили „од сегашните или претпоставените области на судир“ и донесување дополнителна хуманитарна помош во Мариупол, Донецк, Луганск и Херсон, каде повеќе од четири милиони луѓе имаат потреба од помош, нагласи тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...