fbpx

Русија го блокираше нуклеарниот договор на ОН поради клаузулата за Запорожје

-

Русија го блокираше договорот на Обединетите нации (ОН) кој имаше за цел да го зајакне постоечкиот договор за неширење нуклеарно оружје, откако Москва се спротивстави на клаузулата за контрола над електраната Запорожје во Украина. Неуспехот да се согласи на заедничка изјава по четиринеделната дебата и преговори помеѓу 151 земја на ОН во Њујорк е последниот удар за надежите за одржување на режимот за контрола на вооружувањето и задржување на капакот на повторно разгорената трка во вооружување, јави „Гардијан“.

Завршната седница беше одложена за повеќе од четири часа поради руското одбивање да се согласи со долга изјава за поддршка на Договорот за неширење нуклеарно оружје, кој вклучуваше и клаузула за нуклеарната централа Запорожје, која е окупирана од руските сили блиску до линијата на фронтот во југоисточниот дел на Украина.

Во четвртокот централата беше привремено исклучена од украинската електрична мрежа, но врската на напојување потоа беше обновена. Руските сили, наводно, планираат трајно да ја прекинат централата од мрежата, што ја зголемува загриженоста од можна катастрофа.

Руската делегација била единствена против договорениот текст, а за распадот на конференцијата ја обвини Украина и нејзините „заштитници“, нарекувајќи ги договорите „еднострана игра“.

Договорот за неширење нуклеарно оружје беше склучен во 1968 година и со него државите кои поседуваат нуклеарно оружје ветија дека ќе се разоружат, додека државите без нуклеарно оружје ветија дека нема да го набават. Во тој период постоеле пет признати нуклеарни сили, додека денес нуклеарни боеви глави поседуваат девет држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во централата Запорожје и понатаму е многу ризична, откако два од шесте нејзини реактори беа повторно приклучени на мрежата по гранатирањето што предизвика најголемата нуклеарна централа во Европа да биде исклучена за првпат во нејзината историја.

Според „Волстрит Журнал“, тим инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија се подготвени да направат итна посета на централата во Запорожје следната недела.

Во меѓувреме, Унгарија издаде дозвола која ќе овозможи изградба на два нови нуклеарни реактори на нејзина територија од страна на руската државна компанија Росатом, пренесе „Радио Слободна Европа“. Дозволата го отвора патот за проширување на нукеларната централа во јужниот град Пакс од четири на шест реактори. Проектот се очекува да чини околу 12,4 милијарди долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...