fbpx

Русија држи околу 20.000 воени заробеници од Украина, над пет загинати во вчерашните ракетирања

-

Петмина цивили загинаа вчера во руските напади врз населени места во Донецкиот регион, изјави Павло Кириленко, гувернер на овој украински регион, пренесува Укринформ. Тројца биле убиени во опколениот град Бахмут и по еден цивил во Торецк и Нетаилово.

Руските сили вчера во 68 наврати го гранатирале Херсонскиот регион, гаѓајќи станбени згради, изјави регионалниот гувернер Јарослав Јанушевич. Во нападите се повредени осум цивили.

Во своето видео обраќање доцна во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски им оддаде почит на четворицата полицајци убиени од нагазни мини во Херсонскиот регион. Тој рече дека оставените нагазни мини се пожестока опасност и од ракетниот терор, обвинувајќи ги руските сили дека оставаат минирани локации зад себе кога ги напуштаат окупираните места, пренесува Гардијан.

Инаку, украинските власти сметаат дека Русија држи како воени затвореници околу 10.000 украински војници и приближно уште толку украински цивили кои се чуваат во руските затвори. Олександр Кононенко, кој ги надгледува човековите права во безбедносниот и одбранбениот сектор во име на украинскиот парламент, рече дека цивилите биле незаконски притворени како воени заробеници поради нивната наводна поврзаност со украинската армија или држава.

Украинската нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека руските сили кои ја имаат окупирано нуклеарната електрана во Запорижја поставиле неколку ракетни системи „Град“ во близина на еден од нејзините шест нуклеарни реактори. Тие информираат дека офанзивните ракетни системи се наоѓаат во новите „заштитни структури“ кои Русите тајно ги изградиле во нуклеарната електрана, „нарушувајќи ги сите услови за нуклеарна и радијациона безбедност“.

Во својот последен разузнавачки извештај, британското Министерство за одбрана информира дека Русија најверојатно добила дотур на дополнителни ирански дронови „Шахед-131“ и „Шахед-136“ , кои досега ги користеше за убиствени напади врз украинските градови и за уништување на инфраструктурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...