fbpx

Русија: Ако ЕУ го измени режимот на санкции и ние ќе го направиме истото

-

Русија би можела да го скрати списокот на санкционирани производи доколку Европската Унија ги ублажи антируските санкции, изјави министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукајев.

-Мислам дека списокот на санкционирани производи од ЕУ би можел да биде скратен додколку Европа ги ублажи санкциите спрема Русија. Потребна е акција за да следи реакција. Доколку, на пример, нашите европски колеги донесат таква одлука, ние ќе излеземе во пресрет – истакна тој.

Тој додаде дека доколку режимот на санкции ќе биде изменет, истото ќе биде направено и со режимот на контрасанкции.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев и наложи на Владата да подготви предлози како би се вовеле соодветни санкции за Западот кои би траеле до крајот на 2017 година.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...