fbpx

Русија интензивно ја злоупотребува слабата финансиска моќ на балканските медиуми

-

Еден од најефикасните механизми за засилување на руското влијание во Југоисточна Европа (ЈИЕ) беше примената на прецизни инструменти на моќ, како „заробување“ медиуми, културни и верски врски и спонзорирање на активности на граѓанското општество. Целта на овие е да се создаде поволна средина за присуство на руските бизниси, а во исто време да се продлабочат политичките поделби и да се посее недоверба во евроатлантските интеграции во регионот. Засилено од точно насоченото економско присуство во медиумскиот сектор и агресивните воени и геополитички настапи, острите инструменти на моќ успешно ги сменија социјално-културните наративи во многу земји во ЈИЕ. Русија активно работеше на расклатување на ставовите на општествата за либералните и демократските вредности и културно-историските ставови преку отворено сомневање во фактите и преку протуркување наративи што не се базираат на докази.

Тоа се дел од заклучоците изнесени во студијата „Кремљинските правила на играта во Југоисточна Европа: Економско влијание и остра моќ на бугарскиот Центар за проучување на демократијата за механизмите на руското влијание по 2014 година, изработен со помош од 10 истражувачи и истражувачки новинари од регионот.

За студијата биле интервјуирани или консултирани десетици претставници на структури на НАТО, ЕУ, Стејт Департментот на САД и министерства за надворешни работи, граѓански организации во САД и Европа и други.

„Исходот на оваа стратегија беше зголемување на социјалните тензии и политичката нестабилност во ЈИЕ. Највидливите линии на раздор на коишто Кремљ стави дополнителен удар се растот на етничкиот национализам во БиХ, анти-НАТО протестите во Црна Гора и политичките превирања во Северна Македонија по изборите во 2016 година“, се вели во студијата.

„Кремљ ги покри регионалните медиуми со руски пропагандистички и дезинформациски наративи. Русија ги искористи финансиските проблеми околу создавањето медиумски содржини и ниското ниво на медиумски слободи во ЈИЕ за да ја засили својата остра моќ. Се насочи кон создавање бесплатни содржини со наклоност кон Кремљ, ја засили економската зависност на медиумите преку директно сопствеништво или приходи од реклами и потпомагаше (не)формални политички врски на медиуми со про-руски групи и интереси. Недостигот на транспарентност за медиумската сопственост, во комбинација со слабо присутните конфликти на интерес и етички стандарди го засилија руското влијание во регионот“, се вели во анализата.

Авторите на анализата на бугарскиот Центар за проучување на демократијата, која ги констатира состојбите во Бугарија, Албанија, Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Горе, препорачуваат низа мерки за совладување на ваквите состојби.

Се препорачува владите од ЈИЕ, во соработка со граѓанското општество и меѓународните партнери да ги засилат своите стратегии за спротивставување на заробувањето на државата, да се диверзифицира дотокот на странски капитал, да се воведат посериозно фискални и анти-трустовски мерки за контрола на руските компании, но и ЕУ посилно да се вклучи во економските и политичките токови на Балканот.

Во поглед на Бугарија, се посочува дека руското влијание во медиумите се остварува преку неколку мали кабелски телевизии како „Канал 3“ и „Алфа“, и во најмалку три весника – „Дума“, „Земја“ и „Атака“, директно сврзани со Русија или преку своите сопственици или преку влијанието врз содржинте што се пласираат.

„Дел од најтиражните дневни весници, како „Телеграф“, „Труд“, „Монитор“ и „24 Часа“ распространуваат руска пропаганда преку специјално внимание врз тоа колку правилна била руската надворешна политика во Европа, Блискиот Исток и Латинска Америка, колку важни за Европа, Бугарија и Балканот се руските енергетски проекти и колку се одвратни евроатлантските вредности“, се вели во студијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...