fbpx

Рударите демантираат: Не се работи во Злетово и во Тораница

-

Синдикатот на рудниците Злетово и Тораница попладнево го демантираше раководството на компанијата „Индоминерали и метали“, која стопанисува со рудниците, а кое преку соопштение денеска информираше дека работниците од овие два рудника „се на своите работни места“.

– Прекинот на работата и понатаму трае и не е точно дека рударите се вратија на работа. Од 400 рудари во Злетово, само десетина одржувачи се на задача за испумпување на водата и тие се единствените што работат – изјави претседателот на синдикатот, Тодос Гацовски.

Во соопштение „Индоминерали и метали“ тврди дека „работниците од Злетово и од Тораница се на своите работни места“.

„Денеска е исплатен еден дел од задоцнетата плата, а остатокот ќе биде исплатен следната недела, во согласност со договореното меѓу вработените и менаџментот. Во текот на вчерашниот ден, група од мал број рудари одбиле да излезат од јамите, а притоа биле поддржани од неколкумина колеги кои одбивале да ги извршуваат своите работни обврски. Активностите биле организирани од мала група вработени и индивидуалци, водени од лични интереси“, соопштија од „Индоминерали и метали“.

Синдикатот на двата рудника е дециден дека рударите нема да се вратат на работа додека комплетно не се исплати февруарската плата. Гацоски потврди дека денеска сите добиле по 8.000 денари, но додава дека остануваат на основното барање за целосна исплата на платата и на придонесите.

Додека рударите беа без вода и без храна во јамите, според претседателот на синдикатот во Тораница, Бранко Димитровски, раководството ветило дека следниот ден ќе ја исплати платата.

– Причината поради која излегоа рударите беше постигнатиот консензус со раководството за исплата на платата во договорениот рок – вели Димитровски.

В понеделник ќе почнат преговорите со раководството и за останатите барања. Рударите бараат заштита облека, редовна набавка на репроматеријали, како и промени во организацијата.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...