fbpx

Рокот за плаќање на годишна закупнина за државно земјоделско земјиште се продолжува до 12 ноември

-

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, МЗШВ, одлучи рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 година, да се продолжи до 12 ноември 2020 година. Целта, како што истакна министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Трајан Димковски е да им се помогне на земјоделците и на стопанствениците од агросекторот, во оваа вонредна состојба, и да имаат рентабилно земјоделско производство и пласман за производите.

„До тој рок нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, поради неплатена годишна закупнина. Производството на храна мора да продолжи непречено и во наредниот период, а земјоделците мора да ги продолжат своите работни активности. Владата презема мерки со коишто ќе се ублажат последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој“, соопшти на прес-конференција Димковски.

Тој посочи и дека склучувањето на договори на производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун е продолжен до 30 април, дека се ставени во мирување роковите за сите јавни повици за поднесување проекти и реализација на инвестиции од Националните програми и од ИПАРД 2 програмата, а со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци. Вкупната поддршка за женско јагне се зголемена на 2.500 денари по грло. Димковски потсети дека на платформата „Понуда и побарувачка“ сите земјоделци може да ги понудат своите производи, а за да се заштити домашното производство ги повика граѓаните да купуваат домашни производи.

„Зелените коридори за побрз транспорт на стока веќе функционираат и тоа во значителна мера ќе ја олесни трговијата со земјоделски производи“, изјави Димковски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...