Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека до 31 август 2025 година можат да поднесат барање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија.
Програмата обезбедува месечен надомест од 1.000 денари во тек на 12 месеци, преку директно намалување на сметките за струја. Право на аплицирање имаат домаќинства:со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со потполно слепо лице или со потполно глуво лице.
Секое домаќинство може да поднесе само едно барање.
Потребни документи: пополнет соодветен образец (достапен на веб-страницата на Министерството), изјава заверена на нотар, решение за право на посебен додаток, последна сметка за струја за 2024 година, копии од лични документи на членовите на домаќинството, како и други релевантни документи според состојбата.
Документацијата се доставува лично во Министерството на ул. „Македонија“ бр. 27 во Скопје или по пошта за граѓаните од внатрешноста.
Повеќе информации се достапни на www.energy.gov.mk, на телефонските броеви 071 319 074 и 070 381 162 (работни денови од 09:00 до 15:00 часот) или преку е-пошта: [email protected].
