Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество, а рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година.
Наградата се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29); категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.
„Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Истата ќе биде доделена за активности и иницијативи што номинираните лица ги реализирале во периодот јуни 2023 – мај 2025“, наведено е во соопштението.
Висината на наградата за младинско учество по категории е 1.000 евра за индивидуална категорија, 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.
Рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година. Заинтересираните кандидати може да аплицираат на овој линк.