Родителите што ги чуваат децата, ќе мора да работат од дома

-

Министерството за труд и социјална политика ја измени мерката за ослободување од работа на вработените лица во институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, односно за еден од родителите, ако се двајца, како и за самохраните родители во следните две седмици да бидат дома со децата, а тоа отсуство да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.

Како што денеска објасни Министерството за труд и социјална политика,овие родители, за разлика од кажаното претходно, ќе мора да бидат достапни на работодавачот и да работат од дома, или по потреба, да одат на работното место 2 до 3 часа во денот. Истото се однесува и на самохраните родители.

Работодавачите се обврзани да го евидентираат отсуството на овие вработени како оправдано врз основа на потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство.

Сите воспитно образовни институции ќе мора да воведат ротационо дежурство за да ги издаваат потребните документи.

Родителите што ќе останат дома да ги чуваат децата, ќе мора до одделите за човечки ресурси или до дирекциите на фирмите да достават и своја лична писмена изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа.

Родителите на деца што не одат во градинка, не се ослободени од работните обврски и мора редовно да доаѓаат на работа.

Од овие мерки се изземени вработените во МВР, потоа во министерствата за здравство и за одбрана, во АРМ, пожарникарите, цариниците, како и вработените во домови за стари лица или во мали групни домови.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...