Родителите за загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, за во сабота најавија протестен марш и побараа поддршка од граѓаните да им се придружат. „Марш на ангелите“ ќе се одржи во Скопје, а почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.
Иницијативата „Кој е следен?“ објави видео на Инстаграм во кое родителите на загинатите деца емотивно ги повикуваат граѓаните да им се придружат на маршот и да ги поддржат во барањето правда за смртта на нивните деца.
„Нашите деца умреа на 16 март. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда, затоа што нашите деца го заслужуваат тоа. На 15 ноември маршираме во Скопје за вистината. Ќе тргнеме од Плоштад до Собранието и Основниот кривичен суд. Болката е наша, но борбата е за сите нас, ни треба ваша поддршка, луѓе“, зборуваат родителите во видео-пораката.
