fbpx

Роботот „Фили“ почна да се спушта на кометата „67П Чурјумов-Герасименко“

-

Европскиот сателит „Розета“ денеска претпладне се ослободи од роботот „Филе“, кој со помош на гравитацијата почна постепено да се спушта на кометата „67П Чурјумов-Герасименко“, голема маса мраз и прав оддалечена 510 километри од Земјата, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА), од својот контролен лет во Дармштад.

Потврдата за раздвојувањето на „Розета“ и на „Филе“ пристигна во 10 часот, а радиосигналот, поради големата оддалеченост, доцнел 28 минути и 20 секунди. На роботот му се потребни седум часа за да се спушти на кометата, а сигналот кој треба да го потврди слетувањето, на земјата би пристигнал околу 17 часот по средноевропско време.
Европската вселенска агенција, која го води проектот, ќе влезе во историјата на вселенските истражувања бидејќи ниту една мисија досега не успала да спушти летало на комета.

– Сега сè зависи од „Исак Њутон“, на пат сме кон површината. Доколку „Исак“ биде пријателски настроен кон нас, денеска ќе го направиме величественото спуштање – рече Марк Мекгуријан, виш научен советник во ЕСА.
Еден од проблемите кои роботот треба да го совлада е многу слабата гравитација на ледената планина широка четири километри. Роботот „Филе“, кој е наречен по остров на Насерово Езеро во Нил, би можел да се врати назад во вселената, доколку при допирот на површината на кометата не успее да истрела „харпуни“ кои би требало да го задржат на површината.

Доколку успее да слета и да остане на површината на кометата, прво што ќе направи е фотографирање на околината – необичниот пејзаж кој содржи длабоки јами и високи ледени шилци.

Слетувањето е настан со многу неизвесен исход, особено зашто денеска рано наутро, потисниот систем кој треба да го прилепи роботот на површината на кометата не профункционира. Тоа значи дека роботот сега нема ништо што би го туркало кон површината по одвојувањето од „Розета“. Роботот тежок околу 100 килограми, нема никаков начин да влијае на своето спуштање и целосно е препуштен на гравитацијата.

Природата и тврдоста на теренот избран за слетување не се познати, па така би можело да слета на цврста карпа или на снежно мека површина. Теренот кој е избран за слетување е далеку од рамен. „Филе“ би можел да удри и да се скрши од карпа, да се лизне низ стрмнините или, пак, да исчезне во некоја дупка.

Доколку успее да слета, научниците ќе ги добијат првите информации од кометата која ги крие клучните информации за изворите на материите кои се движеле низ Сончевиот систем пред повеќе од 4,5 милијарди години. Дури и да не успее, снимките и мерењата кои досега го испрати сателитот „Розета“ даваат многу материјал за истражување, па дури и предизвикаа пишување нови учебници за настанувањето на Сончевиот систем.

„Розета“  првпат од Земјата тргна пред цели 10 години, а мисијата досега чинеше 1,3 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...