fbpx

РКЕ: Од утре бензините поскапуваат за 0,50 дени и за денар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, РКЕ, денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 отсто во однос на цените утврдени од 7 декември 2020 година.

Како што соопшти РКЕ, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1 денар за литар. Цената на Мазутот М-1 НС во малопродажба се намалува за 0,081 денари за килограм.

Така, од утре литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 60 денари, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 62 денари за литар, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 53,50 денари за литар, цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 28,287 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 4,102 отсто, дизелот за 4,35 отсто, екстра лесното масло има зголемување во просек за 4,065 отсто, а кај мазутот за 0,741 отсто, информира РКЕ.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,915%.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...