Ризваноли: Обезбедено снабдување со струја на Косово, вода во Митровица ќе се носи со цистерни

Инсталирани се шест привремени цевки на каналот Ибар-Лепенец со доволен капацитет да обезбедат вода за ладење на термоцентралата „Косово Б“

-

Косовската министерка за економија Артане Ризваноли, на својата ФБ страна објави дека е обезбедено непречено снабдување со струја на Косово, вклучувајќи и греење за главниот град Приштина. Како што додаде таа, снабдувањето на вода во Приштина ќе биде компензирано, додека на северот на Косово вода ќе се носи со цистерни.

„Драги граѓани, по исклучителната посветеност на нашите институции, обезбедено е непречено снабдување со струја за целата земја и греење за граѓаните на Приштина“, напиша Ризваноли. Таа додаде оти се инсталирани шест привремени цевки на каналот Ибар-Лепенец со доволен капацитет да обезбедат вода за ладење на термоцентралата „Косово Б“.

„Притоа, очекуваме снабдувањето со електрична енергија да продолжи непроменето. Истовремено, се координиравме со Албанската енергетска корпорација да обезбедување дополнителна енергија за да се избегнат евентуални недостатоци“, пишува таа на ФБ.

Додава оти снабдувањето на Приштина ќе биде компензирано преку Батовци и Батлава, додека за регионите на Северно Косово, Дренас и Митровица вода ќе биде обезбедена преку цистерни почнувајќи од утрово.

Бурна ноќ на Косово: Експлозија на каналот Ибар-Лепенец кој е клучен за снабдување со вода и струја

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...