fbpx

Ризиците од корупција и судир на интереси во набавките за ковид-19 остануваат високи

-

Високи ризици од корупција и судир на интереси изобилувале во јавните набавки поврзани со ковид-19 и во второто полугодие од 2021 година, покажува длабинскиот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации, којшто денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19.

Мониторингот на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година покажува дека проценетите вредности на набавките и натаму се многу повисоки од цените добиени на тендерите, што може да упатува на ризикот од намерно оставање простор за склучување договори по повисока вредност за да има доволно пари и за корупција.

„Кога има еден понудувач или останува еден понудувач по елиминирање на другите понуди во фазата на евалуација, речиси без исклучок понудената цена се совпаѓа или е многу блиску до проценетата вредност на набавката иако таа не е јавно објавена, што упатува на претходно вонзаконско договарање меѓу институциите што набавуваат и фирмите понудувачи“, се наведува во соопштението на Центарот за граѓански комуникации.

Во Извештајот се додава дека и натаму има големи разлики во цените за исти производи, кои се набавени во ист временски период, при што разликите се движат и до 500 отсто.

„При набавката на реагенси, постои долгорочна зависност од фирмата чијшто апарат за тестови го користи институцијата, што содржи ризик од плаќање високи цени за реагенсите и можност за корупција“, го наведуваат од Центарот за граѓански комуникации ова како клучен проблем.

Уште еден клучен проблем е слабата документираност на и онака нетранспарентните постапки со преговарање без објавување оглас. Исто така, мониторингот покажал дека ангажирањето надворешни лица и фирми за спроведување на јавните набавки носи високи ризици од судир на интереси и корупција.

Меѓу јавните набавки за ковид-19, од Центарот за граѓански комуникации со мониторингот откриле дека се набавувани производи што не можат лесно да се доведат во врска со пандемијата, како, на пример, службено патничко возило со кожен волан, шест звучници и металик боја.

„Овој извештај е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од КОВИД-19, чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година, односно од 1 јули до 31 декември 2021 година“, информираат од Центарот за граѓански комуникации.

Опфатените постапки претставуваат 52 отсто од сите тендери за ковид-19 во периодот на мониторингот (вкупно 77 тендери). Вредноста на мониторираните тендери изнесува 1,25 милиони евра, што е 30,4 отсто од вредноста на сите тендери за ковид-19 во анализираниот период (4,1 милиони евра).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...