fbpx

Ристовски: Членовите на Советот на јавни обвинители треба да си поднесат оставка

-

Членовите на Советот на јавни обвинители треба да си поднесат оставка, рече денеска заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.

На новинарско прашање дали ги следи случувањата во Советот на јавни обвинители, каде што имаше обвинувања за непотизам и судир на интереси, Ристовски рече дека за тие случувања се информирал преку медиумите.

– Нема да се мешам во работата на Советот на јавни обвинители, знам што се случи на таа седница. Од морален аспект, јас лично сметам дека треба да си поднесат оставка – вели Ристовски.

Претседателот на Советот на обвинители, Коле Штериев денеска не сакаше да одговори за спорниот избор на две обвинителки во Советот. Рече дека во текот на неделата ќе свика прес-конференција на кој ќе објасни се. Денеска не можел да говори пред новинарите, затоа што, како што рече, не бил подготвен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...