fbpx

Ристоска до Груевски: На човек на сила можеш да му земеш, не и да му дадеш

-

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска му се обрати на поранешниот премиер, Никола Груевски со народната поговорка „На човек на сила можеше да му земеш, но не и да му дадеш“, на денешното рочиште за случајот „Тенк“, откако адвокатите на одбраната се обидоа да ја прекинат и одложат расправата, бидејќи немале време да го разгледаат цд-то со записникот од претходното рочиште.

Во „Тенк“ покрај Груевски, за набавката на блиндираниот „мерцедес“ од 600 илјади евра обвинети се и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.

По приговорите на адвокатите дека немале време да го разгледаат записникот, судијката Добрила Кацарска рече оти може да им понуди половина час пауза, како добра волја, а потоа да продолжи рочиштето со воведните говори.

Кацарска посочи дека записниците биле изготвени на 13 февруари, во законски рок, но никој од адвокатите не дошол да ги земе.

– Одбраната беше должна да ги земе записниците. Тие не дојдоа да ги подигнат во рок, па судот вчера телефонски ги извести, а дури денеска пред судење адвокатот Димитар Дангов ги подигна. Затоа нема причина за пауза, но во интерес на одбраната ќе се видиме по пауза од половина час – рече Кацарска.

На ова приговараше Груевски, кој рече дека записници од 17 страни за половина час не може да се прочитаат, на што судијката рече дека била јасна, а Груевски и возврати „не, не бевте“.

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска кажа оти одбраната знаела дека записниците се изготвени и требало да ги земат.

– Се противам на барањето за пауза и сметам дека тоа го прават се со цел да се одложи главната расправа. Со сила на човек можеш само да му земеш, а не можеш ништо да дадеш – рече Ристовска.

Судењето продолжува по паузата од половина час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...