fbpx

Ристоска: Ако не ни го продолжат рокот, имаме резервен план

-

Јавната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска вечерва во гостувањето на „Топ тема“ ги повтори апелите за продолжување на рокот за поднесување обвиненија кое го има СЈО, но истакна дека доколку тоа не се случи тие имаат план „б“.

– Апелираме да се продолжи рокот за покренување на обвиненија кој исткува на 30 јуни. Доколку тоа не се случи, имаме неколку варијанти кои ги разгледуваме и затоа се воздржуваме од коментирање на план „б“. Постојат повеќе опции. Со сигурност тие материјали нема да останат во некој сеф, граѓаните заслужуваат да знаат што се случило – рече Ристоска.

Ристоска рече дека не може да каже уште колку обвиненија СЈО ќе поднесе до истекот на рокот, односно до 30 јуни, но се надева ќе бидат во голем број.

На прашањето каде е бизнисменот Сеад Кочан за кого е издадено барање за притвор, Ристоска рече дека официјалната информација која на СЈО му е достапна е дека тој е во бегство.

Обвинителката Ристоска рече дека не се плашат дека Уставен суд ќе го прогласи СЈО за неуставна институција и одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува СЈО во иднина да биде интегрирано во редовното јавно обвинителство.

Ристоска потенцираше дека СЈО се уште се соочува со несоработка од страна на други институции и како последен пример го наведе проблемот со соработката што СЈО го има со Управата за финансиско разузнавање.

-Имаме поднесено барања за казнување на одговорни лица и тоа некако чудно се одолговлекува. Како пример ќе го посочам барањето за казнување кое го поднесовме против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање затоа што таа институција не одговара на нашите барања – додаде Ристоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...