fbpx

Рибарски алманах за лиценцираните охридски рибари од 1934 до 1941 година по повод Денот на рибарите

-

Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на интересен архивски материјал, наречен Рибарски алманах. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското езеро, од периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во нашата земја. На тој начин, оваа ретка колекција на имиња и фотографии станува достапна за пошироката јавност.

Овој чин претставува своевиден поклон за охриѓани за Денот на рибарите, со целокупна поддршка од директорот на Државниот архив, Емил Крстески. В.д. раководителот на Историски архив – Охрид, Никола Митровиќ Бабе вели дека со првата дигитална верзија на алманахот се претставени 150 рибари, од вкупно 480 кои биле регистрирани во тој период и ги има во оригиналниот документ.

„Многумина наши сограѓани ќе можат да си ги видат своите предци, па дури и да си ги најдат корените на сопствените имиња. Нема сомнение, традицијата во Охрид, Струга и околните рибарски села е силно изразена преку пренесување на истите имиња ‘од колено на колено’“, појасни Митровиќ.

Иницијаторот на акцијата, универзитетскиот професор Зоран Тунтев вели дека му претставува особено задоволство што ја продолжиле соработката со Архивот на град Охрид токму со реализација на ваква несекојдневна и оригинална идеја.

„Kористам прилика да се заблагодарам на Г-дин Ардијан Бајрамовски, со чија помош видео материјалот ќе се емитува на големиот билборд на градскиот плоштад (во ударни термини на 19 и 20 Јануари). Исто така, ѝ благодарам на екипата од Културолошката иницијатива ‘5 до 12’ за несебичното залагање, како и на членовите на ансамблот ‘Билјана’, за нивната музичка поддршка на видео материјалот. Ова не е наша прва заедничка иницијатива, а сигурен сум дека нема да биде ни последна“,  потенцираше Тунтев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...