fbpx

Ревизорите бараат да се запре исплатата на буџетски пари за изборната кампања на учесниците кои не ги откриваат донаторите

-

Дури 84 од 122 учесници во изборната кампања на локалните избори во земјава не доставиле Извештаи во законски пропишаниот рок или со законски пропишаната содржина до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Поради ова, ревизорите поднесоа предлог до Државната изборна комисија (ДИК) за запирање на исплатата на средствата од државниот буџет за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за овие учесници на локалните избори.

Како што информираат од ДЗР, дури 64 учесници во изборната кампања не ги доставиле Извештаите за примени донации на нивната трансакциска сметка во законски пропишаниот рок, додека 20 од 122 учесници не го доставиле ваквиот извештај со законски пропишаната содржина.

Од ДЗР велат дека до сите учесници во изборната кампања навремено укажале и информирале за законски пропишаните обврски предвидени за секој од овие учесници во кампањата.

„Имајќи предвид дека согласно член 76-д од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите учесници во Изборната кампања за локалните избори 2021 година кои до сега не ги поднеле извештаите а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок“, велат од ДЗР.

Инаку, на веб-страницата на ДЗР може да се погледнат извештаите на примени донации за финансирање на изборната кампања само на оние политички партии, коалиции и група избирачи кои ја извршиле својата законска должност. На сајтот се објавени 37 извештаи за примени донации од учесниците на локалните избори од единаесеттиот ден на изборната кампања до нејзиното завршување во првиот круг, како и 48 извештаи во кои може да се погледнат донаторите од денот на отворање на трансакциската сметка до десеттиот ден од изборната кампања.

Ваквиот список на оние учесници во изборната кампања кои го испочитувале законскиот рок може да се погледне овде.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...