fbpx

Ревизија: Проблематична исплата на плати и незаконски набавки во Центарот за здравје во Тетово

-

Недоследности во исплата на плати, проблематична систематизација на работни позиции, избор на директор без конкурс, сопственички проблем за просторот, отсуство на конкуренција во јавните набавки – ова се серија на забелешки и слабости кои ги открива државниот ревизир во работењето на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово. Центарот е значаен, бидејќи располага со акредитираната лабораторија за Санитарна хемија која опслужува пациенти и е единствена во регионот која се занимава со испитување на исправноста на храна и вода, и спречување на епидемии и зарази, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

За финансиските извештаи на тетовскиот Центар за јавно здравје ревизијата се воздржува од давање мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и изразува неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива. Во однос на нацрт-извештајот, ревизорите информираат дека не биле примени забелешки од страна на овластеното лице – раководството.

„Утврдиме дека во текот на годината прекувремено се ангажирани вработени во одредени служби за работа на терен надвор од редовното работно време, каде што Центарот за секој еден час прекувремена работа му пресметува и му одобрува на вработениот еден и половина час слободен ден, што не е во согласност со позитивните одредби,“ наведуваат ревизорите а одредбите предвидуваат дека на вработениот му следуваат онолку слободни часови-денови колку што се одработиле прекувремено.

Иако Центарот за јавно здравје располага со електронски систем за евиденција на работно време, од извршените разговори со одговорните лица и со увидот во документацијата, ревизорите заклучиле дека во текот на 2018 година системот целосно не фунционирал, односно податоците од истиот не се користеле за пресметка на платите и за контрола и анализа на редовноста на вработените. Дополнително се открива дека тетовската здравствена установа не имплементирала Централен систем за евиденција на работно време што е воспостевен од страна на Министерството за здравство, ниту пак е назначено одговорно лице за проверка и следење на електронскиот систем на евиденција.

Во делот на исплатата на плати ревизороите посочуваат дека утврдените состојби не се во согласност со повеќе закони: Законот за административни службеници, Законот за здравствена заштита и Законот за работни односи.

На крајот од 2018 година тетовската здравствена установа прикажала ненаплатени побарувања од Министерството за здравство за извршени здравствени услуги во износ од 52.300 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...