fbpx

Рестрикции на струја во Косово, протести во Приштина

-

По 10 години, во Косово од вчера се воведоа рестрикции во снабдувањето со електрична енергија. Станува збор за плански рестрикции во траење од по два часа во два наврати во текот на едно деноноќие, јавува Радио-телевизија Косово.

Телевизијата Н1 пренесува дека рестрикции на струја се воведени и во северниот дел на Косово, со цел да се растовари електроенергетската мрежа. Ваквиот потег го најави Косовската агенција за дистрибуција на електрична енергија.

Косовските власти побараа од населението да воведе максимални заштеди во потрошувачката на струја и да користи алтернативни извори за затоплување на објектите, доколку тоа е возможно.

Министерката за економија на Косово, Артане Ризваноли ја обвини Србија дека ги блокирала далекуводите меѓу двете земји, што уште повеќе ја влошило ситуацијата со снабдување со електрична енергија во Косово.

Ризваноли рече дека за само два дена потрошувачката на струја се зголемила за 14 отсто и дека сега е на историски максимум, а властите немаат друг избор освен да набавуваат струја по екстремно високи цени.

Косовските власти очекуваат во недела во земјата да пристигне германски експерт што треба да помогне во отстранување на дефектот што настана во термоелектраната „Косово Б“. Првичните проценки се дека овој блок од термоелектраната ќе биде ставен во функција околу 20 јануари, а до тогаш веројатно ќе има рестрикции на струја на целата територија на Косово.

Инаку, жители на приштинската населба Ветерник синоќа протестираа во косовскиот главен град, најавувајќи дека ќе блокираат и магистрален пат поради тоа што биле оставени без струја и греење во домовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...