fbpx

„Репортери без граници“: Македонија е на 92. место според слободата на медиумите веднаш зад Албанија, Косово и Грција

-

Според Светската листа на слобода на медиумите за 2020 година што ја изготвува невладината организација „Репортери без граници“ во Париз, Македонија за една година се искачи на три места погоре и сега е на 92-то место, со оценка 31,28 поени.

Во делот за Македонија насловен „професијата се организира“, се наведува дека „владата не го смени законот за јавни медиуми, а реформата на јавниот радиодифузер е запрена. Неговите програми им служат на интересите на поранешната конзервативна партија на власт, на ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната влада го отстрани државното рекламирање во медиумите, алатка на претходната влада за контрола на медиумите, што честопати доведе до проневера на јавните фондови“.

Репортери без граници забележуваат дека на општините им е дозволено да се рекламираат во локалните медиуми и со тоа да задржат средство за нивно контролирање. „Друга ризична одлука на владата: купување реклами во медиумите за запознавање со достигнувањата на владата“, стои во извештајот и се додава дека Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осуди оваа практика.

Во извештајот се наведуваат и двете достигнувања во врска со саморегулацијата и работните стандарди на професионалните новинари. Од една страна, создавањето регистар на професионални мрежни медиуми кој има околу 70 члена од страна на Советот за етика на медиумите и ЗНМ. Иницијатива која ја промовира саморегулацијата на медиумите со тоа што ги обврзува да се придржуваат кон кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на Советот. Од друга страна, потпишувањето од страна на синдикатот, во соработка со ЗНМ и Советот, на Повелбата за услови за работа на новинарите со нацрт договор за фер вработување на новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми.

На крајот, од „Репортери без граници“ констатираат дека физичките напади врз новинарите се смирени.

„За жал, традиционалните закани и навреди од високи функционери кон печатот остануваат силни, а сајбер-нападите се во пораст“ пишува во извештајот.

Според според индексот за слобода на медиумите, земјите се рангирани вака:

  • 65. место Грција
  • 70. место Косово
  • 84. место Албанија
  • 92. место С.Македонија
  • 93. место Србија
  • 105. место Црна Гора
  • 111. место Бугарија

Прва на листата е Норвешка, а по неа се Финска, Данска, Шведска и Холандија. Последни се, на 177 место, Кина, Еритреја и Туркменистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...