fbpx

Ременски: Спасов за свои потреби си користел четири возила

-

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, побара Диме Спасов да се повлече од позицијата дополнителен заменик-министер поради нарушување на угледот на оваа институција. Таа напомена дека Спасов противзаконски располагал и управувал со возило на Агенцијата за вработување, а повремено користел и уште три службени возила. Според неа, тој ги користел четирите возила, кои со претходна одлука на Владата биле доделени на Агенцијата за вработување и биле купени со пари од ИПА-фондовите.

Ременски информираше дека тој точел гориво со службена картичка, која има лимит до 30.000 денари месечно. Спасов, како што рече министерката, денеска не дошол на работа и најави дека картичката ќе му биде одземена.

– Спасов поттикнал друго лице од Министерството да се претстави како возач, иако лицето ја немало таа положба. Тој противзаконски возел службено возило надвор од работно време, ја загрозил безбедноста во сообраќајот, причинил материјална штета и трошел пари на Министерството, а бегал ѝ на полиција. Апелирам до Министерството за внатрешни работи овој случај да се расчисти – рече Ременски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.