fbpx

Ременски: Никола Груевски го минира исполнувањето на политичкиот договор

-

„Денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово во тек е прием на 600 нови кандидати за полицајци. Само пред неколку дена, незаконски, со политичка одлука, на експресен начин им беше скратена обуката на 400 кандидати за полицајци кои требаше да ја завршат во март 2016 година“, обвини Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ.

Според Ременски, тоа е класична политичка директива спротивна на законски утврдените постапки и на процедурите уредени со подзаконски акти на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција.

„Промената на модулите за обука, надвор од законски утврдените постапки и изложувањето на правна несигурност на сегашните и на идните кандидати за полицајци е лицемерен и противзаконски чин. Очигледно, додека Никола Груевски во континуитет го минира исполнувањето на политичкиот договор и утврдените рокови, тој и неговите министри ја спроведуваат коруптивната партиска агенда во обид да купат гласови за избори. Последниве денови, повторно надвор од законски уредените постапки и процедури, повеќе од 100 приправници од МВР, без да ја поминат задолжителната обука, во Центарот за обука полагаа државен испит“, вели потпретседателката на опозициската партија.

Ременски додаде и  дека импровизациите во МВР не застануваат тука и не се однесуваат само на приемот на новите кандидати за полицајци и за инспектори.

„Министерот за внатрешни работи побрза пред 20 октомври да го промени актот за систематизација на работните места во МВР. Се направија вештачки спојувања на организациски единици во МВР надвор од реформата, се објавија интерни огласи за повеќе од 600 работни позиции, со што на полициските службеници им се крши основното уставно право за работа и за избор на работно место. Очајно се делат решенија за распоредување и за некакво унапредување пред завршување на неговиот мандат како министер“, изјави Ременски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...