Франшизата Диабло е една од најпопуларните серијали игри на фирмата Близард, која досега повеќе од 30 години опстојува како игра со „херој којшто се бори против силите на пеколот“ и „коле демони“ со повеќе нови верзии меѓу кои се Диабло 1, 2, 3 и Диабло 4 како и „Диабло Имортал“ во перспективата на конкретно класифицирана како: „изометриска Hack and Slash RPG игра.“ Рекреирањето на играта во други перспективи наиде на веќе направени модели на варијации програмирани и од аматери и од професионалните изработувачи на видеоигри.
Аматерите девелопери на игри се запрашаа што би било кога Диабло би имала перспектива на трето лице -најиграната гледна точка на лик во сите „RPG“ поуспешни игри, дури и отидоа чекор понатаму за тоа како би изгледала Диабло во прво лице во стил на пукачка игра како перспективата што излезе за „Elder Scrolls“ серијалот за „RPG“ игри. И не само тоа туку аматерите веќе прават свои верзии и модови на играта најчесто со Unreal Engine 5 и други бесплатни програми за изработка на видеоигри кои поттинуваат сè поголем интерес за овие активности.
Додека бранот на рекреирањето на играта се пренесува и во доменот на оригиналните девелопери што неодамна изјавија дека во „Diablo Immortal“ ќе се спои светот на Диабло со стилот на пеколниот свет во стриповите “Спон”.
Диабло во перспектива на трето лице
Ова е доста добра депикција на средината на првиот познат град Тристрам во „Диабло 1“ каде најасно се гледа ковачот Гризволд и самата патека до Проколнатиот Манастир во првата Диабло игра, што наиде на супер фидбек од сите гејмери, а е постирана на Јутуб каналот „I Make Games“-дека пропорционално е супер сработено, а ја задржува атмосферата.
Во Диабло 1 имаше карактеристика за видно поле додека се борите низ катакомбите под манастирот наречена „Light Radius“ односно колку може да гледа во мрак вашиот лик околу себе, можно беше употреба на факел за да се зголеми видното поле но тоа значеше неносење штит или секундарно оружје, па во понапредните нивоа како прогресирате во играта имаше ајтеми најчесто кациги или амајлии и прстени што даваа плус поени на „Light Radius“ што ја зголемува видливоста околу ликот. Ова претставува проблем во перспективата од трето лице дека каде го гледате ликот од горе и од грб уште и нивото на осветленост пред него или неа е намалено. Но секако тоа може да се отргне со тотално исфрлање на горенаведениот концепт за достапно видно поле.
Истиот девелопер има направено гејмплеј видео со варварин (од „Диабло 2“) кој ја изведува способноста „Whirlwind“ што е вртење околу своја оска со испружени оружја при што се удираат повеќе непријатели со лизгање во различни правци таргетирајќи групи на непријатели. Ова е една од најиконичните способности за класата Варварин во Диабло серијалот која првпат се појави кај херојчето „Orc Blade Master“ во „Warcraft 3“ и се пренесе и кај класата „Warrior“ во „World of Warcraft“(WoW) прво со сосема исто име „Whirlwind“ за кратко завртување за „АОЕ damage“(АОЕ e скратениа за „Area Of Effect“ грубо преведено е удирање повеќе непријатели во непосредна одредена близина на ликот каде нанесува штета на непријатели.), а кулминира со способноста наречена „Bladestorm“ во „WoW.“ И најчесто и други изработувачи на „MMO-a“ (ММО е скратеница за „Massive Multiplayer Online Game“ што означува најчесто фантазиска видеоигра во која масовно се вмрежени повеќе играчи на интернет“) преку годиниве имплементираа иста способност во своите игри.
Темплејтот (готов приказ за употреба) за изгледот на Варваринот во споредба со претходни игри изгледа како мешавина и спојка од ликот на Конан во повеќе различни игри за тој јунак, „Јавачот на Апокалипсата“ од серијалот на видеоигри наречен „Darksiders“ и добро познатата игра „Скајрим.“
Сепак ова е одличен приказ за тоа како може да се преработат Диабло игрите, затоа што кога може аматер од дома да долови атмосфера што е препознатлива за фановите баш како Диабло игра, може само да се замисли што сè можат да направат оригиналните девелопери Близард со сите ресурси и средства на располагање во овој правец. Секако примеров е „подбутнување во вистински правец.“
Диабло 2 во преспектива на Прво Лице
Овој гејмплеј од комбат со Волшебничката од Диабло 2 има одлични идејни решенија. На пример телепортирањето е доста добро решено -со индикатор во сина боја каде точно ќе се телепортира ликот следно, со менување на дистанца и правец по желба. Бидејќи Волшебничката во Диабло 2 можеше да се телепортира и преку ѕидови -тоа е карактеристика за која што допрва треба да се изнајде идејно решение. Борбата со огнени топки графички изгледа кул, а најдобар момент се решенијата за чудовиштата кои изгледаат исто и ги користат истите звуци и извици како во Диабло 2.
Овде пак е претставено пристигнувањето до првиот главен во Диабло 1 наречен „The Butcher“ односно „Касапот“ се работи за извитоперен, садистички, крвав демон кој ги сече своите жртви на парчиња како месар, а при негово убивање може да падне оружјето „The Butchers Cleaver“ што во груб превод би било „Сатарот на Месарот“.
Овој „главен“ фигурира и во Диабло 4 каде може да се појави од нигде-никаде и да ве нападне додека играте одредени нивоа и на поголемите „Тормент“- Тешкотии („Тормент тешкотиите“ доаѓаат во 14 варијанти потешки од впечатливото „Hard Mode“ во повеќето игри, присутно и тука во својство на почетничка тешкотија.) воопшто не е лесен за победување и при играње соло и со играње во група затоа што борбите против него знаат доста долго да траат во однос на други главни непријатели. И исто така од него може да се добие истото оружје кое никогаш не фигурирало како корисно за било кој билд („билд“ во директен превод е „градба“ -се однесува на „градење на лик“ и е одреден начин на редење на способности за поефикасен микроменаџмент на ликот, што обично го исполнуваат потенцијалот до максимум за одреден лик) во Диабло 4. Иако во почетната фаза на играта знае да биде доста моќно и се класифицира како уникатно оружје кое често „дропа“.(„дроп“(drop) е кога од непријател паѓа оружје по негово убивање и се однесува на земање нова опрема за ликот).
Што се однесува до Близард и играта за мобилен телефон од оригиналните девелопери наречена „Диабло Имортал“ најавено е дека „пеколот од Диабло 4 ќе се спои со пеколот во стриповите за ликот Спон“ -во овие стрипови Спон е генерал демон којшто ги лови демоните кои избегале од пеколот и роварат по светот на луѓето, кои знае да ги врати каде што припаѓаат или сосема да ги уништи. Стриповите се одлично нацртани, а дури и имаше долгометражен филм во 1997 година за ликот Спон (Spawn).
Еве што има да каже Тод Мекфарлен којшто го креираше ликот во стриповите -за „кросоверот“ и спојувањето на „Диабло Имортал“ и „Светот на Спон“:
Подетални информации околу овие измени ќе бидат откриени на 13 септември при случувањата на големиот гејмерски настан „Близкон“ што ќе биде емитуван во живо на Јутуб и достапен ширум светот.
Најкомичниот коментар за класичниот сетинг и преспектива на Диабло што го имам чуено гласи: „Не играм Диабло, дека таму се движиш со човече ко инсект на екран и пола од времето во борбите не знаеш што се дешава.“ Шегата настрана секако дека ова не е така, бидејќи Диабло играчите во нередот и хаосот на борбите забележуваат и реагираат на детали за позиционирање и употребување ситуациски скилови и им е јасно што сè се случува, а изгледот на хероите е доста видлив поради важноста на скиновите.
Секако дека има тенденција да се подобри и употреби сетингот на Диабло и потенцијалот за нови модови што комплетно ја трансформираат играта на подобро, но времето ќе покаже колку сето тоа ќе се спроведе од оригиналните девелопери. А ако сакате да дознаете повеќе за Диабло игрите имаме повеќе написи што може да ги прочитате овде.
Ако имавте потешкотии да разберете голем дел од употребената гејмерска терминологија во овој напис, ви препорачуваме да го консултирате следниот Водич за гејмерски RPG термини што фунционира како речник каде сите називи, фрази и имиња што ги употребуваат гејмерите и гејмерките ширум светот а и кај нас, се објаснети детално што значат на македонски јазик.
