fbpx

Рекордни 594 нови случаи на ковид-19, вкупната бројка надмина 23.000

-

Денеска регистрирани рекорден број на заразени лица со корона вирус. Министерството за здравство дури вечерва ги соопшти резултатите од Институтот за јавно здравје за новите случаи на заболени од ковид-19. Според нив, во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи и тоа во: Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3.

Починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г), сите во болнички услови.

Во Скопје во моментов има 2.515 активни случаи, од кои најмногу во Аеродром (505), Центар (433) и Карпош (417).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти од: Скопје-79, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-1, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-8, Валандово-3, Свети Николе-7, Кичево-4.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 примени, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, а бројката на оздравени пациенти е 17.111. Починаа 824 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Денеска министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки, со цел побрзо справување со ситуацијата на напливот нови заразени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...