Рекордни 445 нови случаи на ковид-19 од 2.441 тестови, оздравени се 194, а починаа 9 лица

-

Македонија денеска регистрира рекорден број на заболени лица со корона вирус. Министерството за здравство дури вечерва ги соопшти резултатите од Институтот за јавно здравје за новите случаи на заболени од ковид-19. Според нив, во последните 24 часа се направени 2.441 тестирања, а се евидентирани 445 нови случаи, во: Скопје-249, Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1.

Во болнички услови починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).

Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања, вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројот на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 4.236. Скопје и понатаму е прв на листата со 8.872 дијагностицирани случаи од кои 1.969 активни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, вкупно се хоспитализирани 87, на кислородна поддршка се 47, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани, суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно се хоспитализирани 42 пациента. На респиратор се 3. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во Штип 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Состојбата со активни случаи по општини во Скопје, денеска изгледа вака : Чаир – 84, Гази Баба – 180, Аеродром – 400, Карпош – 344, Центар – 353, Кисела Вода – 232, Ѓорче Петров – 169, Бутел – 74, Шуто Оризари – 13, Студеничани – 3, Сарај – 17, Арачиново – 4, Илинден – 28, Сопиште – 17, Чучер Сандево – 6, Петровец –8, Зелениково – 5, Странец – 11 и Нераспределен-21.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...