fbpx

Рекордни 364 нови случаи во едно деноноќие, најмногу активни има во Центар, во Аеродром и во Карпош

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19, од кои 184 се во Скопје. Активни случаи во Скопје има најмногу во Центар 241, во Аеродром – 240, а во Карпош 214 случаи.

Институтот за јавно здравје регистрира и 106 оздравени пациенти, а починати се три лица. Во болнички услови починати се три лица, пациент на 73 години од Охрид, 62 годишен пациент од Гостивар и 72 годишен пациент од Радовиш.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.777, бројката на оздравени пациенти е 15.855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.147.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се две деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се четворица пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека инфективните одделенија на клиниките низ државата се речиси исполнети, и, по којзнае кој пат, побара од граѓаните да ги почитуваат мерките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата одлучи дека проблемот со специјализантите ќе го реши по изборите

Владата на денешната седница ја разгледала Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани...