Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19, од кои во: Скопје-73, Куманово-10, Штип-60, Прилеп-5, Тетово-32, Струга-3, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-14, Кочани-8, Гевгелија-6, Струмица-4, Свети Николе-5, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Кичево-2, Демир Хисар-2 и во Велес, Дебар, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово по еден случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од кои во Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1 и Ресен-7.
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица, двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66.
Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.026, бројката на оздравени пациенти е 4.727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.885.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во Штип 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се примени на лекување 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.