Автор: Арбнора Мемети

Министерството за здравство во изминатото деноноќие регистрира дури 24 починати лица од ковид-19, меѓу кои и 37-годишен пациент од Струмица. Според нивните податоци, починати се двајца пациенти од Скопје (77 и 67г), еден од Куманово (59г), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г). Со ова, бројот на починати лица од ковид-19 во земјава се искачи на 1.049.

Во последните 24 часа се направени 2.731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-459, Куманово-25, Дебар-1, Штип-18, Прилеп-78, Тетово-44, Струга-11, Велес-79, Битола-33, Охрид-37, Кавадарци-24, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-4, Делчево-10, Кратово-5, Свети Николе-9, Кичево-5, Ресен-2 и Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од: Скопје-199, Куманово-18, Штип-15, Прилеп-25, Тетово-25, Струга-6, Велес-11, Битола-7, Охрид-14, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-16, Струмица-26, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-1, Свети Николе-7, Кичево-7 и Неготино-4.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33.908, бројката на оздравени пациенти е 21.665, на починати е 1.049, а бројот на активни случаи изнесува 11.194. Речиси половина од активните случаи (5.304) се регистрирани во Скопје, а Општина Аеродром и понатаму води со 894 активни случаи пред Карпош со 774 и Центар со 714 активни случаи на ковид-19.