Рекорд во 2021: Фирма добила обештетување од 308.000 евра за осигуран имот

-

Фирма наплатила вкупно 308.000 евра обештетување за осигурен имот. Оваа сума од осигурување исплатена во третата четвртина на годинава е апсолутен рекордер во однос на исплатените суми од осигурителните компании во земјава од јануари до почетокот на октомври, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО)

„Ова е највисока поединечна исплатена штета во сите 18 класи на неживотно осигурување за првите девет месеци годинава. Во најголемите пет исплатени штети се уште следниве: за осигурување одговорност од воздухоплов се исплатени 232.000 евра, за автомобилска одговорност 173.00 евра, за осигурување од финансиска загуба 141.000 евра и за штета осигурана со зелена карта се исплатени 100.000 евра“, објави АСО.

Инаку, во изминатава година кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурување имот -се исплатени штети во вкупна вредност од 469,6 милиони денари (7,6 мил.евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизја на осигурување.

Во првите девет месеци најголемата штета исплатена за осигурани стоки во превоз (карго) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра). Кај каско осигурување моторни возила по една штета биле исплатени 2,75 милиони денари (45.000 евра). Кај осигуран имот на физичко лице најголемиот износ за штета што го исплатила компанија за осигурување изнесува 2,9 милиони денари (48.000 евра).

Во доброволната класа со најмногу активни договори – осигурување од незгода во првите девет месеци највисоката исплатена штета изнесува 3,6 милиони денари (58.000 евра). Кај приватното здравствено осигурување најголемата исплатена штета за овој период изнесува 615.000 денари (10.000 евра), а кај патничкото осигурување 1,4 милиони денари (23.000 евра).

Осигуреници наплатиле вкупно 2,89 милијарди денари (47 мил.евра) штети од осигурителните компании за неживотно осигурување во првите девет месеци годинава. Вкупниот износ на исплатените штети за овој период е за 422 милиони денари (6,9 мил.евра) или 17 отсто повисок во однос на истиот период лани.
Вкупно 11 компании за неживотно осигурување во овој период исплатиле 55.008 штети што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

 

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведесет Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...