Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, што треба да придонесе за подобра организација и развој на транспортот. Реализацијата на овој проект ќе помогне и во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во градот.
„Во моментов во тек е тест период, за што е потребно да се направи технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт“, рече министерот за транспорт Александар Николоски.
Тој најави дека од септември ќе се пушти во употреба и градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје.
