fbpx

Реката Вардар ги уништува нивите во тетовско Копанце

-

Повеќе од 100 декари земјоделска обработлива површина во атарот на село Копанце е во опасност целосно да биде потопена од реката Вардар.

Реката, која во овој дел не е регулирана, секојдневно ја одронува земјоделската површина долж својот тек.

Нејзиното речно корито постојано се проширува на приватни имоти.

Жителите стравуваат дека Вардар може да ја поплави целата земјоделска површина, ако не се изгради корито со што би се спречиле честите одрони на бреговите од нивните ниви.

– Порано беа уништени неколку ниви, сега се повеќе. Секојдневно излеаната вода од реката голта парчиња од нашите ниви. Затоа бараме да се изгради коритото со соодветен цврст материјал, за да не се излева водата во приватни имоти – вели еден жител на Копанце.

Коритото на реката Вардар е проширено поради честите поплави во овој регион изминативе неколку години. Сега текот на реката е изменет, но институциите засегаа немаат преземено конкретни мерки за спречување на ваквата појава, а со тоа и за заштита на приватните имоти.

Од Министерството за животна средина, кое е надлежно за одржување на речните корита, велат дека постојат начини да се обезбедат пари преку министерството за регулација на коритото на овој дел од реката Вардар. Но, според нив, мора најпрвин Општината да го изработи проектот за регулација.
Од Општина Јегуновце велат дека атарот на Копанце е надвор од градежна зона и немаат законска можност да изработуваат проекти за такви локации.

Додека институциите се оградуваат од одговорноста за заштита на приватните имоти, жителите од Копанце, немоќни, гледаат како реката Вардар ги уништува нивните имоти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...