fbpx

Река: За Албанија е важно Албанците во Македонија да имаат максимални права

-

Албанија има уставна обврска да се грижи за сите наши сонародници кои живеат надвор од територијата на земјата. Не се работи за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку за консултации со политичките лидери на Албанците од Македонија, вели албанскиот амбасадор, Фатос Река, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

– Оваа платформа на политичките партии на Албанците е составена од нив самите и за Република Албанија не е важно кој ќе биде во влада и како ќе се формираат коалициите. Тоа е внатрешна работа на политичките партии од Македонија, било да се од албанскиот етникум или од македонскиот етникум. Важно за Република Албанија е населението од албанскиот етникум, кое живее во Македонија, да ги има своите максимални права, за да живее рамноправно со другите етникуми, вклучувајќи го и македонскиот – вели Река.

Тој вели дека албанската влада не го става под знак прашалник политичкиот капацитет на албанските политички партии во Македонија туку дека тоа биле консултации за унифицирање на албанскиот фактор.

На прашањето зошто министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, го користи терминот „славомакедонци“, Река вели дека тој најверојатно го направил тоа за да направи разлика помеѓу македонските Албанци и словенските Македонци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...