fbpx

Регулаторната комисија за енергетика добила 150 претставки за високи сметки за струја

-

Во врска со реакциите што стигнуваат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од страна на потрошувачите за нивните сметки за струја, за месеците март, април и мај, РКЕ информира дека секој потрошувач има право сам да си го отчита своето броило и да ги достави своите податоци до ЕВН, односно до операторот на електродистрибутивниот систем преку Viber, обичен телефон или преку e-маил, доколку не се задоволни со отчитаната состојба на своите броила.

РКЕ укажува дека ЕВН е должен, по добивањето на податоците од потрошувачите, да им ги коригира нивните фактури за електрична енергија. Погрешно издадената фактура со повисока потрошувачка на струја треба да ја поништи и да изготви нова, согласно реалната потрошувачка.

– Во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на 150 претставки од страна на потрошувачите. Доколку ЕВН не ги коригира фактурите врз основа на самоотчитувањето што го направиле потрошувачите, може да се обратат до РКЕ и ние ќе посредуваме при изготвувањето на новата сметка. Исто така, јасно сакам да им порачам на ЕВН дека од сега натаму, во однос на овој проблем ќе ги преземеме сите законски надлежности кои што ни стојат на располагање и ќе започнеме и со преземање на одредени санкции на операторот на дистрибутивниот систем – изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој додаде дека, секој потрошувач треба плаќа онолку колку што потрошил, а РКЕ ја разбира ситуацијата во случајот со кризата што ја имаме.

– Имаше период кога ЕВН не ги отчитуваше броилата, правеше проценка, но сега како што ги повикавме потрошувачите да ги плаќаат сметките за струја, така, не го повикувам, туку му наредувам на ЕВН да ги прифаќа отчитаните податоци од граѓаните и веднаш да пристапи кон корекција на сметките – рече Бислимоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...