Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, од кои се регистрирани 582 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.

Најголем дел од новорегистрираните случаи се во Скопје – 274, а потоа во Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се регистрирани 374 оздравени пациенти, а починале вкупно 13 лица, сите во болнички услови.

Вкупната бројка на регистрирани случаи на ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, оздравени се 90.685, а починати 3.111. Во моментов има регистрирано 7.418 активни случаи.

Најголем број од активните случаи се во Скопје (3261), но доста е висок бројот на активни случаи и во Прилеп (589) и Кавадарци (528).