Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања, а се регистрирани 50 нови случаи на ковид-19. Во: Скопје–27, Куманово–5, Прилеп–4, Гостивар–3, Тетово, Велес, Штип и Кичево по 2 и Струмица, Гевгелија и Виница по 1.

Евидентирани се 81 оздравен пациент од: Скопје – 34, Прилеп – 9, Струмица – 7, Куманово – 6, Штип, Кочани и Крушево – по 4, Радовиш и Пробиштип – по 3, Велес и Кичево – по 2, Свети Николе, Делчево и Виница по 1. 

Пријавени се вкупно 18 починати: 8 лица од Скопје (63, 67, 69, 72, 72, 77, 80, 88), 3 лица од Тетово (75, 76, 78), 2 лица од Битола (84, 88) и по едно лица од Прилеп (68) Кавадарци (79), Кочани (74), Радовиш (80) и Дебар (55). Од пријавените, 7 лица се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови. 
Досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања на ковид-19, вкупно се дијагностицирани 155.217 лица, оздравени пациенти има 147.381, бројот на починати е 5.387, а на активни случаи изнесува 2.449.