fbpx

Регистрирани сe 191 нов случаj на ковид-19, oздравеа 77 пациенти, починаa 3 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а се регистрирани 191 нов случај на ковид-19, во: Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје евидентира 77 оздравени пациенти, од: Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-1.

Во болнички услови починаа 3 лица, од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18.790, на оздравени пациенти е 15.341, а на починати изнесува 756. Во моментов бројот на активни случаи е 2.693. Вкупно се направени 195.002 тестирања.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 5 пациенти, вкупно се хоспитализирани 79, на кислородна поддршка се 45, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани едно дете и една мајка, позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, вкупно хоспитализирани има 33 пациенти, а на респиратор се 3 пациенти. Во болницата во Битола се примени 10, а во Штип 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Скопје и понатаму останува град со најголем број на активни случаи. Според завршените епидемиолошки анализи, во Скопје има 7.386 случаи од кои, активни се 966. При тоа, најмногу активни случаи се евидентирани во општините : Аеродром – 170, Центар- 158, и Карпош – 138.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот, во Скопје ски

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за пет нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место...