Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Во последните 24 часа од 1.489 тестирања регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 10, Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод по 1, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 1 нов случај.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61, 76, и 86) и Гостивар (63, 69, и 83), по едно лице од Струмица (80), Кавадарци (86), Прилеп (70), Кочани (76), Тетово (68), Гевгелија (50) и Валандово (72).

Од пријавените, 5 лица починале во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, на оздравени е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.