fbpx

Регистрирани нови 1.288 случаи со ковид-19, досега починаа 1.600 лица

-

Во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57,  Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3,  Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека починати се 39 лица, шеснаесет пациенти од Скопје (79г., 80г., 54г., 70г., 68г., 54г., 68г., 82г., 84г.,68г., 76г., 75г., 71г., 60г., 73г., 56г.), двајца од Куманово (70г. и 62г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76г., 68г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72г.,67г., 66г.), двајца од Струга (68г., 69г), двајца од Велес (67г., 78г.), двајца од Охрид (68г., 73г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41г.) и еден пациент од Неготино (40г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.078 оздравени пациенти од: Скопје-407, Куманово-33, Штип-32, Прилеп-36, Тетово-36, Струга-63, Велес-30, Битола-144, Охрид-52, Кавадарци-27, Гостивар-19, Гевгелија-10,  Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Крушево-4, Кочани-11, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Берово-3, Валандово-2, Виница-6, Делчево-7, Кратово-3, Свети Николе-12,Кичево-72, Ресен-14, Неготино-14.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, а бројката на оздравени пациенти е 34.970. Починати се 1.600 лица, а бројот на активни случаи изнесува 20.881.

Инаку бројот на активни случаи во Скопје е 10.130. Во скопските општини најмногу случаи и натаму има во Гази Баба – 1.490, Аеродром -1.474, Карпош – 1.186, Центар – 1173 и Кисела Вода – 1.245.

Освен во главниот град, најмногу активни случаи има во Прилеп – 1.021, Тетово – 965 и 939 во Куманово.

Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски побара карантин за градот поради состојбата со ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...