fbpx

Регистрирани 999 нови случаи со ковид-19, починаа 24 пациенти

-

Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, од кои регистрирани се 999 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 539, Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10, од Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 8, од Ресен и Делчево – по 7 лица, Берово – 6, Демир Капија – 5, по 4 лица од Свети Николе, Радовиш и Пехчево, од Демир Хисар и Виница – по 3, Кратово – 2, од Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во болнички услови се починати вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 543 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 240, Охрид – 52, Прилеп – 38, Тетово – 27, Велес, Гевгелија и Струга – по 24, Куманово – 17, Струмица и Битола – по 14, Гостивар – 12, Кочани – 8, Крива Паланка, Пробиштип и Дебар – по 5, Кичево, Крушево и Делчево – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, од Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци – по 2, од Неготино, Валандово и Радовиш по 1 лице.

Институтот за јавно здравје денеска соопшти дека има зголемување од 22,2 отсто на нови случаи со ковид-19 споредено со претходната недела.

Инаку Македонија треба да добие вакцини против ковид-19 на „АстраЗенека“ преку КОВАКС механизмот, за што Министерството за здравство уште на почетокот на февруари годинава информираше дека КОВАКС ја информирал нашата земја оти се предвидени 103.200 до 175.200 дози на вакцината „АстраЗенека“. Министерството тогаш соопшти дека 35 отсто од вакцините се очекува да пристигнат во првиот квартал, односно до крајот на март.

Откако неколку земји-членки на ЕУ изминативе денови ја суспендираа имунизацијата на населението со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, македонското Министерство за здравство вели дека нашата земја ќе ги следи препораките на Европската медицинска агенција (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), пишува „Порталб.мк“.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, а бројката на оздравени пациенти е 98.676. Починаа 3.364 лица, а бројот на активни случаи изнесува 11.889. Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...